За да ви расте косата побрзо и да изгледа здраво треба да имате неколку основни правила кои треба да ги почитувате. Најпрво треба да се храните здраво, потоа редовно да ја потстрижувате косата. Следно е негата на косата, а тука спаѓаат природните маски за коса кои може многу да ви помогнат.
Маска од сенф
Ставете сенф на коренот од косата и убаво втријте го. Прекријте ја косата со топол пешкир или капа. Оставете нека делува половина час, а потоа измијте се со шампон. Оваа маска практикувајте ја еднаш седмично, во период од два до три месеци.
Нанесувајте течен витамин Е на коренот од косата.
Измивајте ја косата со чај од коприва по миењето.
Постои едно старо верување дека доколку косата ја шишате во период кога е месечината полна, таа побрзо ќе расте.
