Се состои во седум генијални трикови кои со задоволство ќе Ви ги објасниме…
1. Пронајдете ја совршената розова боја
Не сте сигурни која розова нијанса е најдобра за Вас? Само насмевнете се. Бојата, треба да се совпаѓа со бојата на Вашето непце. Не треба да биде посветла…
2. Вие направете карминот да трае !!!
За бојата да си остане „ на место “, најпрво треба усните да ги пополните со неутрален молив, пред да нанесете кармин. Ако е потребно, загрејте го врвот од моливот во дланките, за да ги спречите претврдите линии.
3. Направете сопствена нијанса
Претворете ја секоја боја, во нова, светкава нијанса. Намачкајте светкав златен сјај преку карминот. Тоа моментално ќе ја загрее секоја боја.
4. Обликувајте ги усните без молив
Создадете илузија со два совршени врвови. Само натапкајте коректор во расцепот на Вашата горна усна и добро измешајте.
5. Користете пудра за совршени голи усни
Почнете со бледорозова нијанса, па ставете малку пудра за мат ефект
6 Изберете вистинска боја
Ако Ви се допаѓа бојата на кармин уште пред да ја нанесете, ставете малку течна подлога на усните па нанесете ја. Резултатот ќе биде ист како на пакувањето што сте го виделе.
7. Направете свој печат
Направете го било кој кармин подолготраен така што усните ќе ги притиснете на хартија, ќе нанесете кармин уште еднаш, па повторно ќе ги притиснете усните на хартија, така што ќе се апсорбира вишокот на маснотии. Рамно парче хартија е подобро од марамче, бидејќи ќе се постигне поприроден и подолготраен ефект.
