ШоуБиз

Kardashian do 2015-та! Ќариле 40 милиончиња! :)

Семејството Kardashian оваа недела потпишало договор со телевизиската куќа „Е!“ за снимање на уште три сезони од реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“. По цена од 40 милиони долари, ова познато семејство и понатаму ќе го експонира својот приватен и семеен живот на радост на многубројните гледачи.

Ова е најголемата сума платена за било која реална емисија, а прикажувањето на 6-тата сезона пред малите екрани, само во САД привлекло дури 3 милиони гледачи.

Ова популарно шоу за прв пат настана откако во јавност се појави порно снимката на Kim Kardashian,  нејзината мајка и менаџерка Kris Jenner сфатила дека со своето семејство и секси ќерки може да заработи „дебела“ пара.

Засега е јасно дека ќе го гледаме шоуто до 2015 година, а можеби и понатаму.

Write A Comment