After Midnight

Зошто мажите ги сокриваат своите чувства???

Дека мажите и жените се различни, не само физички , туку и психички оддамна знаеме… Знаеме и дека, кога се работи во споделувањето на чувствата и мислите, мажите и жените многу се разликуваат. Погледнете некои од причините!!!

Се плашат да не бидат повредени

Најтешко им паѓа да споделуваат дел од нивната интима, чувства, стравови, надежи, соништа. Тоа е причината зошто ја држат својата интима во тајност.

Тие се помалку емотивни од жените

Додека жените без размислување ги споделуваат своите чувства со мажите , кај спротивниот пол не е така. Тие не сакаат да ги споделуваат своите чувства , бидејки се помалку емотивни и повеќе воздржани.

Се плашат да не изгледаат како девојчиња

Понекогаш мажите мислат дека доколку и се доверат на жената, за своите надежи, стравови или тежнеења, би  можеле да наликуваат на девојчиња. Токму поради тоа не сакаат да ги поделат своите тајни.

Потребно им е да се чувствуваат независно

Во природата на мажите е независноста и силата. Помислата да исфрлат се од себе, ги прави да се чувствуваат, разоружани, ранливи и слаби. Овој природен инстинкт, да останат независни, е појак од било која друга причина поради која остануваат таинствени.

Потребна им е доверба

Жената може да ја отвори својата душа било кога и е потребно, но мажот, тоа го прави само ако се чувствува доволно сигурен. Доколку и верува на жената, тој ќе може да и ја отвори својата душа, но ако не и верува, во тоа никој не ќе може да го натера.

Треба да бидат сигурни во своите чувства

Исто како и со довербата и чувствата имаат важна улога. Мора да биде сигурен во чувствата на саканата личност, а и во своите кон неа, за да може потполно да и ги признае.

Се опираат на препуштањето

Мажите повеќе отколку жените, се опираат на препуштањето во врската. Се плашат од одбивање, па поради тоа што не се сигурни дали се сакани и прифатени нема лесно да ги покажат своите чувства.

 

 

Write A Comment