Веќе е во петиот месец од бременоста, но тоа не ја спречува да биде во форма на која таа секојдневно работи.
Reese Witherspoon e фатена од папараците како трча заедно со една пријателка во близина на нејзината куќа во Лос Анџелес.
Прекрасната 36-годишна актерка го чека своето прво дете со сопругот Jim Toth. Од претходниот брак таа има две деца, синот Deacon и ќерката Ava.
Reese одлучила да не ја коментира својата трета бременост во медиумите, но нејзините блиски тврдат дека таа одлично ја поднесува оваа состојба. Се чувствува одлично и нема никакви компликации.
– Конечно може да оддели време само за семејството. За Reese децата се најважната работа на светот, – вели изворот.

