Речиси и да не постои личност која нема стрии. Тие се појавуваат при нагло проширување на кожата која не е доволно еластична.
Кога стриите ќе се појават на вашето тело најпрво имаат бледо црвенкаста боја која подоцна избледнува и остануваат бели линии.Да не се лажеме, стриите не може да се исчистат целосно со ниту еден третман ниту пак крема. Најважно е да се масирате. Да ја забрзате циркулацијата на кожата и да ја подобрите нејзината еластичност.
Масирајте ја кожата со креми кои содржат алое. Тоа е најдобро за вашата кожа да стане еластична. Најпрво нанесете ја кремата на кожата, а потоа масирајте се со ракавица, со нежни кружни движења.
Доколку ова го правите редовно, стриите ќе се ублажат, но искрено нема да исчезнат засекогаш.
