Пробајте го еднаш и ќе го имате постојано на своето мени 🙂
Потребни состојки:
– компот од вишни
– 225 гр путер
– 225 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– малку сол
– 5 јајца
– 375 гр брашно
– 3 лажички пециво
– 150 гр бела чоколадо
Подготовка:
Исцедете ги вишните и доколку имаат семки извадете ги. Путерот изматете го со миксер, додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, малку сол. Додајте ги јајцата едно по едно. Измешајте го брашното со пецивото и додајте го во смесата. Третина од смесата сипете ја во калап. Ставете ги вишните , па сипете го останатото тесто во кое ќе ја ставите изренданата чоколада. Печете го колачот на 180 степени околу 60 минути.
