Убавина

Маски кои даваат неверојатен ефект

За темелно чиста и сјајна коса

Направете раствор од половина чаша јаболков оцет со една и пол чаша вода. Со него убаво испрскајте ја косата, а особено коренот. Тоа ќе го исчисти темелно скалпот и ќе ја спречи појавата на првут. Доколку сакате да го неурализирате мирисот од оцет ставете некоја капка од вашето омилено етерично масло. Оставете нека делува 5 минути, а потоа измијте се.

Против целулит

Ако сакате набрзина да се справите со тврдокорниот целулит направете ја оваа маска и практикувајте ја еднаш неделно. Измешајте една чаша маслиново масло, една чаша шеќер, морска сол и кафе. Додајте и две лажици мед. Со оваа паста масирајте ги критичните подрачја. Доколку ова го правите редовно за еден месец ќе ги видите бараните резултати.

Write A Comment