Низ Холивуд се проширија вестите дека Katie Holmes е повторно бремена. Доколку излезе дека оваа вест е точна, ова дете ќе им биде второ по ред на неа и нејзиниот сопруг Tom Cruise. Првото дете, Suri е родена пред шест години, а во меѓувреме таа стана вистинска мала модна икона.
Извор близок на актерскиот пар открива дека „Katie едвај чека повторно да биде мајка и што побрзо на јавноста да ѝ ја соопшти оваа радосна вест. Дури и малата Suri пред некој дена ја прашала Katie дали нејзината сестричка се наоѓа во стомакот на мама“.
Епа, што друго да им кажеме, освен – честитки!
