Ако некогаш ве заинтересирало како се гради хип-хоп царство, Jay Z ќе ви објасни како поточно се прави тоа во играта со соодветен назив „Царство“ или „Empire“. Во играта која ќе биде достапна на социјалната мрежа Фејсбук, ќе можете исто како познатиот рапер, да започнете со живот во сиромашниот кварт Бруклин.
Потоа ќе можете редовно да ја посетувате мајка ви, да одите на хип-хоп вечери во локалните ресторани, да го снимите првото ЦД, да барате работа како би го платиле накитот и многу други пропратни ситници.
Играта според животот на раперот моментално е во фаза на тестирање, а треба да се појави на Фејсбук за неколку месеци.
