За сите оние сладокусци кои го обожаваат благото. Одличен крем кој одговара за палачинки како додаток на јагоди, кафе…но највкусен е кога го консумирате со лажица…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120 милилитри млеко
120 грама кафеав шеќер
120 милилитри масло за јадење
1 лажица екстракт од ванила
75 грама пржени ситно мелени лешници
500 грама маргарин
440 грама млеко во прав
100 грама бело чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Проварете го млекото со шеќерот, ставете го екстрактот од ванила, маслото, млекото во прав, стопената бела чоколада и мелените лешници.
Убаво измешајте ги состојките. Не дозволувајте да се создадат грутки, мешајте поенергично.
Кога сите состојки убаво ќе се соединат тргнете го садот со кремот од оган и разлијте го во стаклени садови, кои ќе ги ставите во фрижидер да преноќат.
Вкусот е неверојатен !!!
Уживајте!!!
