Убавина

Победете го целулитот, со неколку битки…

Скапите антицелулитни препарати и третмани, можеби ќе Ви помогнат да се справите со целулитот, но само краткотрајно. Ако сакате Вашата кожа да остане мазна и совршена, послушајте ги овие совети…

1. Внесувајте многу течности

Водата најмногу помага во борбата против целулит бидејќи ги исфрла непотребните соли од организмот. Сепак, доколку сакате внесот на течности да Ви помогне да се ослободите од целулитот, пред да се напиете вода, треба истата, да ја внесете преку храната. Значи, намирниците кои содржат доста течности како лубеница, манго или сливи, се одличен избор, а покрај тоа, содржат доста витамини Аи Ц, како и антиоксиданси кои ќе помогнат кожата да остане затегната.

2. Вежбајте

Вежбите за издржливост, како џогинг, ќе Ви помогнат да се ослободите  и од целулитот и од вишокот килограми. Сепак, во борбата против целулитот, најефективна ќе биде вежбата „ исчекор“, која ги зајакнува мускулите на бедрата и задникот. Од стоечка положба, со едната нога зачекорете напред, држејќи го горниот дел од телото потполно мирно, а нозете затегнати. Вежбата повторете ја 10 – 20 пати со секоја нога, 3 – 4 пати неделно.

3. Сончајте се

Доколку Ви се чини дека за Вашето тело нема помош и дека ништо што сте пробале не помага, сончањето може да Ви помогне. Познато е дека потемните објекти изгледаат помали во огледало. Таков е и случајот со целулитот. Користете средство за самопотемнување или некој друг препарат, доколку не сакате да го покажете Вашето тело на плажа, пред да добиете бронзен тен.

Write A Comment