Demi Lovato изјавила дека менаџерите на дискотеките ја дрогирале пред да отиде на рехабилитација поради прекумерната употреба на кокаин, проблемите со самоповредување, булимија и удирање играчи на сцена. Целта им била да ја вратат во клубот за да биде видена.
– Менаџерите ми даваа дрога и алкохол во рестораните и дискотеките. Сакаа да се вратам таму за да бидам видена. Буквално ме искористуваа за публицитет. Јас мислев дека ми се пријатели. Сакав да се забавувам. Да се биде познат може да биде многу опасно. Никој не може да го негира тоа. Многу познати завршуваат трагично откако ќе се предозираат. Тоа можеше да ми се случи и мене, – изјавила пејачката.
Е, сега да ѝ разјасниме на Demi две работи. Дрогата не може никогаш да биде забавна, а луѓето кои ти даваат дрога не се викаат пријатели, туку дилери! Зарем не е така?
