Убавина

Диета со јагоди – за 4 дена изгубете 3 кг!

Искористете ги јагодите и пробајте ја новата диета. За 4 дена би можеле да се ослободите од 3 килограми. Се што треба да направите е да се држите до планот на исхрана.

Прв ден

Појадок – овошна салата. Измијте и исчистете 250 гр јагоди. Исечете на коцки една јаболка, половина банана. Сите овие состојки измешајте ги во еден сад каде ќе ставите и една лажица мед и 50 гр незасладен јогурт.

Ужина – шејк. Измиксирајте 100 гр јагоди и 1 дл немасно млеко, додајте пола лажица мед и 50 мл негазирана минерална вода. Ќе добиете многу енергија, а при тоа ќе внесете многу малку калории.

Ручек – салата. 150 гр јагоди, парче пилешки гради, 100 гр краставица, 300 гр шпаргли, магдонос, малку ореви, 1 лажица сок од лимон, 6 лажици супа од зеленчук и лажица маслиново масло. Сварете ги шпарглите и исецкајте ги. Исецкајте ги сите потребни состојки и убаво измешајте ги во една чинија. Прелијте ги со сосот од супата, маслиновото масло, зачините и лимоновиот сок.

Ужина – јогурт со јагоди. Измиксирајте 100 гр јагоди со 1 дл јогурт со ниска масленост и една лажица мед.

Вечера – салата. Голем варен компир, една главица ситно исецкан кромид, 1 дл јогурт, 50 гр немасно сирење и магдонос. Зачинете по желба.

Втор ден

Појадок – 2 кришки интегрален леб премачкан со нискомаслено сирење.

Ужина – пире. Направете пире од 200 гр јагоди и останато зрнесто овошје. По желба додајте и малку мед.

Ручек – салата. Во голема чинија измешајте: 100 гр јагоди-исецкани, пола зелена салата, пиперка, немасно сирење 50 гр, ½  дл јогурт. Со оваа салата може да земете и кришка интегрален леб.

Вечера – палачинки со јагоди. Почестете се со палачинки премачкани со џем од јагоди.

Трет ден

Појадок – овесна каша со пола дл сок од јаболка, пола банана, 100 гр јагоди.

Ужина – коктел. Измиксирајте 1 дл нискокалоричен јогурт, 100 гр јагоди и лажица мед.

Ручек – 200 гр свежи јагоди, а потоа обарен карфиол подготвен со путер и ситно сецкана шунка.

Ужина – мешавина од 1 дл сок од портокал и јагоди со лажица мед.

Вечера – пире. Направете пире од варен компир и морков, ставете малку млеко за да добиете убава смеса. Сервирајте го со домати, пиперка и ако сакате оригано.

Четврти ден

Појадок – 2 кришки интегрален леб, немасно сирење и 50 гр јагоди.

Ужина – мултивитамински микс. Измиксирајте еден портокал, една јаболка, 100 гр јагоди и една лажица мед.

Ручек – риба. Печена пастрмка би било најдобро, спремена со лук, магдонос и сенф. По ручекот изедете 50 гр јагоди.

Ужина – коктел. Во блендер измешајте 150 гр јагоди, лажица мед, сок од еден лимон, и 1 дл вода.

Вечера – салата. Испечете еден компир и направете една мешавина од изблендиран морков, пиперка, целер и сок од лимон.

Write A Comment