Природно брановидната коса е ретка, всушност истата е првата помисла за фризурата од нашите сништа. Таа е опуштена и секси, привлечна и повикува на допир. Не чуди фактот што многу ѕвезди не можат да и одолеат.
Жешко и ладно виткање
Постојат повеќе техники на виткање и секоја жена има омилена, која одлично функционира, токму на нејзината коса. Разликата во овие два видови виткање е во временскиот период на виткање, но и во алатот за виткање.
Техниките на жешко виткање, подразбираат виткање со помош на фигаро и пегла за коса. Кај овој вид виткање, важно е да се заштити косата од топлина. Топлината ја суши структурата на влакната и тие стануваат суви и кршливи. Затоа, важно е да се заштитат.
Ладното виткање, подразбира изработка на разни фризури, кои доколку отстојат подолго време, ќе ја навиткаат косата. Тука спаѓаат плетенки, полжавчиња или коса намотана на крпчиња.
Ако сакате, Вашите кадрици можете да ги облилувате и со фен, но претходно мора да нанесете средство за заштита на косата. Ако пак сакате да преспиете со Вашите „ полжавчиња “, пред виткањето на косата нанесете пена за виткање, за кадриците да бидат поцврсти.

На кого најдобро прилегаат ?
Брановидната коса им прилега на сите, бидејќи има толку облици, колку што има и типови на лице. Истата, не е униформирана и строга, така што ги омекнува сите црти на лицето и одговара и на жените кои имаат погруби црти. Брановидната коса е одлична за оние кои сакаат убаво обликувана коса. Романтичните кадрици прилегаат и на округлото лице, а со патецот на средина, го прават послабо. За навечер, одлучете се за покрупни бранови, кои можат да се постигнат со посебни серуми и сјај за коса.
