Мода

Плетени модни додатоци – ултра модерна вест за Пролет/Лето 2012

Бидејќи знаеме дека ќе Ви се допадне, тука сме да Ви ја соопштиме веста дека интересните плетки, овој пат не само што ќе бидат дел од Вашиот стил, туку и ќе бидат модниот детал кој мора да го имате оваа сезона, во повеќе изданија…

Особено чантите и чевлите, ќе бидат женствените аксесоари, во кои ќе преовладуваат плетките, во повеќе бои, еднобојни, со интересни мотиви, сепак, доволно атрактивни, да се вклопат во повеќе стилови.

Гламур, уникатен изглед, софистицираност, заводливост, забележаност… Ова се само некои од „ модните критики“ на дизајнерите…

Размислете околу практичноста и убавината на овој тренд, внесете го во вашето секојдневие и секако… споделете мислење за него!!!

 

Write A Comment