Спиењето на лебдечки кревет, освен што смирува, ја подобрува и циркулацијата, на организмот му ја дава потребната енергија, а идеален е за сите кои патат од недостаток на сон.
За голем број луѓе, спалната соба е бегство од секојдневниот стрес, но не и за оние кои патат од несоница. Но новиот лебдечки кревет на компанијата The Floating Bed, конечно и тоа го промени.
Креветот виси, така што симболично, го има смирувачкото дејство на утробата, во која се наоѓа едно бебе. Лесното лулање во воздухот го смирува вестибуларниот состав кој ги регулира рамнотежата и движењата. Лулањето ја зголемува и подобрува циркулацијата помеѓу зглобовите, а со тоа и дотокот на хранливи состојки.
Недостатокот на сон, доведува до помалку енергија, слаба концентрација, депресија, пад на имунитетот, дебелење но и до срцеви проблеми… Значи, освен што ќе имате естетска придобивка, Вие ќе добиете и нов „ семеен лекар “.
Инвестиција која вреди… Погледнете и согласете се !!!









