ШоуБиз

Малата Beckham нема ни година, а заработува :)

Мама Victoria и тато David често позираат за најразлични рекламни кампањи, а сега ќе им се придружи и малата Harper Seven.

Имено, на ќерката на славниот пар Beckham, која веќе е прогласена за највлијателна модна икона меѓу малите деца, неодамна ѝ е понуден прв манекенски договор. Се работи за детскиот моден бренд „My 1st Years“ кој му понудил на семејството договор според кој малата Harper треба да стане заштитно лице и да рекламира облека и модни додатоци за бебиња.

Засега не е познато колку би заработила малата Harper ако нејзините родители го потпишат договорот. Тие сеуште размислуваат дали вреди нивната ќерка да стане манекенка и тоа да биде нејзината животна професија уште од мали нозе.

Write A Comment