ШоуБиз

Како Jessica Simpson се подготвува за бебето?

Нецел месец пред да се породи, Jessica Simpson и нејзиниот свршеник Eric Johnson организирале забава по повод бременоста на Simpson и бебето кое таа го очекува. По забавата, Jessie веднаш ставила слики и видеа од настанот на својата официјална веб страна.

Меѓу познатите гости кои дошле во чест на нероденото бебе биле и сестрата Ashlee Simpson и актерката Jessica Alba. Забавата се одвивала во најдобар ред, а имало и огромен број подароци кои Jessica постојано ги отворала и радосно им се заблагодарувала на гостите.

–          Создавањето семејство е најдобрата работа што сум ја направила во животот, – напишала Jessica под една од сликите.

Write A Comment