Иако минатото лесто по веќе два пропаднати бракови, Katie Price изјави дека повеќе никогаш нема да се омажи, старлетата порано позната како Jordan, повторно се верила.
Гласноговорникот на Price (33) потврдил дека старлетата се верила со дечкото Leandro Penna (26), но не сакал да открива други детаљи, како што е на пример датумот на венчавката.
– Leandro ја запросил Katie неодамна додека биле на скијање и таа се согласила да се омажи за него, – изјавил гласноговорникот на старлетата.
Доколку се ванчаат, ова ќе биде трет брак на славната Британка во седум години. Од претходните два бракови, таа има вкупно три деца.
