Конечно заврши ерата на „Очајните домаќинки“ и по осум сезони, на 26-ти Април е снимена последната епизода за животот на Gaby, Bree, Lyneth и Susan.
– Крај на една ера. Сите сме трогнати. Marcia Cross и јас плачевме. Не можев да ја пуштам Felicity од мојата прегратка. Постојано беше со мене изминативе осум години, – напишала Eva Longoria иобјавила слики од снимањето на последната епизода на својот Твитер профил.

По осум години, актерките завршија со улогите на домаќинки, а тоа им донесе светска популарност. Овој ден за нив бил ден на општа тага, проследен со многу натажени лица и солзи.
Последната епизода ќе биде емитувана во САД на 13-ти Мај.

