ШоуБиз

Се продаде станот на Carrie Bradshaw!

Станот на улица „Perry 64“ на Менхетен најверојатно секогаш ќе го носи надимакот „куќата на Carrie Bradshaw“ од серијата „Сексот и градот“. Помеѓу ѕидовите на овој стан се имаат случувано многу работи. Тука Sarah Jessica Parker има плачено, се смеела, ги пишувала познатите колумни… Но, куќата сега има нов сопственик!

Петособниот апартман пред неколку дена е продаден за неверојатни 9,85 милиони долари, а сопственикот засега сака да остане анонимен.

Како и да е, тој на жалост ќе мора некако да се справува со бројните туристички тури на обожаватели на серијата кои постојано го обиколуваат местото со надеж дека ќе ја сретнат Bradshaw!

Write A Comment