Добивте покана за свадба и сега се поставува прашањето “Што да облечам”. За да дојдете полесно до одговорот тргнете од почетокот. Колку ви е близок оној каде одите на свадба – ако се работи за навистина блиска личност тогаш потрудете се повеќе. Доколку станува збор за некој подалечен роднина тогаш одберете го “традиционалното” кусо црно фустанче со добар накит и чевли. Еве неколку наши предлози кои може да ги искористите ако сте поканети на свадба.
Потоа обрнете внимание на местото каде ќе се одржи свадбата. Доколку станува збор за свадба која ќе се одржува во елитен ресторан одлучете се за тоалета, доколку се одржува на отворено тогаш одберете нешто што ќе одговара на надворешните услови.











