Gerard Butler и понатаму не престанува да се докажува како голем заводник кого го обожаваат сите дами на кои ќе им се приближи. Само еден месец откако се појавија гласини дека се плетка со манекенка која е во брак, сега Butler е забележан во прегратките на непозната бринета.
Актерот и бринетата биле забележани во дискотеката „Agency“, а со него имало уште двајца пријатели. Сепак, Gerard своето внимание ѝ го посветил на девојката која му се придружила во ВИП делот на холивудската дискотека.
Според очевидците, двајцата флертувале и се забавувале цела ноќ. Актерот воопшто не пиел алкохол, а за жал на папараците кои го очекувале пред диското, Gerard си заминал без бринетата.
