ШоуБиз

Lady Gaga во фустан од коса! :)

Ако мислевте дека Lady Gaga повеќе нема со што да ве шокира и изненади, сте се излажале. Еднаш таа се појави во фустан од месо, а овој пат се појавила со фустан од „коса“ и предизвикала бројни реакции.

Таа никако не престанува да воодушевува. Вака се појавила при пристигнувањето во Хонг Конг, а овој виолетов фустан е направен од вештачки влакна. За да впечатокот биде целосен, пејачката обула и вртоглаво високи чевли.

Инаку, пејачката моментално се наоѓа на својата светска турнеја, која започна пред некој ден, токму во Хонг Конг. Како што е контроверзна нејзината облека, такви се и нејзините концерти. На концертот им бил дозволен влез само на полнолетни фанови.

Write A Comment