На сите ни е јасно дека кога ѕвездите чекорат по црвениот тепих се под постојан притисок дали изгледаат како што треба, а стравот е уште поголем кога се земе во предвид колку непријатни ситуации им се случуваат кога станува збор за облеката. Проѕирни фустани и маички, премногу отворено деколте или прекраток фустан и многу други ситни проблемчиња.
Последната незгода ѝ се случила на пејачката Katy Perry на која постојано ѝ паѓала левата прерамка од инаку елегантниот фустан, што едвај успеала да прошета пред репортерите на музичкиот фестивал во Лондон без да си ја изгуби левата прерамка.
Како што очигледно не носела градник, ова ќе беше и тоа каква несекојдневна глетка. За среќа, овој пат Katy се спаси!

