Убавина

Подмладете се со маска од банани

Приуштете си ја оваа маска со која богато ќе ја нахраните кожата со витамини и минерали и воедно ќе ја подмладите кожата.

Бананите се богати со магнезиум, калиум, железо, цинк, јод како и со витамините А, Б, Е и Ф. Оваа маска е вистинска комбинација од витамини и минерали која дава неверојатен ефект.

Измешајте една испасирана банана, две лажици кисела павлака, една лажица мед, една лажица пченкарно брашно и ружина вода.

Убаво измешајте ги состојките и нанесете ја смесата на лицето да отстои барем половина час. Потоа измијте се со вода и на крајот натопете го лицето со ружина вода.

Write A Comment