Cheryl Cole изјавила дека многу сака да стане мајка и дека е во потрага по вистинскиот човек со кој ќе може да основа семејство. Во разговор со списанието „GQ“ таа признала дека многу сака да има бебе.
– Опседната сум со деца. Причината поради која постојам е некогаш да станам мајка, – искрено вели Cole.
Таа неодамна призна и дека многу би сакала нејзиниот избраник да биде принцот Harry, од кој е една година постара.
Пејачката отворено кажува дека е жена и дека обожава секс.
Cheryl не мирува ни на професионален план. Наредниов месец треба да го објави синглот „Screw You“, а наскоро треба да излезе и нејзината биографија.
