Angelina Jolie во својата венчавка со Brad Pitt сака да вклучи етнички детаљи од различни традиции.
Холивудската актерка и режисерка посакува нејзината свдба да содржи различни начини на кои луѓето ширум светот го прославуваат склопувањето на бракот, а особено во земјите на нејзините посвоени деца.
– Angie сака да ги вклопи обичаите од повеќе земји во една свеченост. Brad, од друга страна, сака традиционална венчавка во нивниот дворец во Франција, – изјавил близок извор на двајцата.
– Двајцата се согласуваат за едно, а тоа е дека прославата ќе биде голема и со многу гости. Ќе има и забава до касно во ноќта, – додава истиот извор.
