Во случај да сте пропуштиле да ги погледнете фотките од овој гала бал кој се одржал во Њујорк во понеделникот, ние ви предлагаме да ја видите само оваа и сѐ ќе ви стане јасно. Marc Jacobs навистина вреди да се погледне и прокоментира во оваа комбинација која ја избрал специјално за таа вечер.

Модниот дизајнер се прошетал по црвениот тепих носејки долг, црн фустан со чипка, а под него многу јасно се гледаат неговите бели боксерици. Да не ги заборавиме и црните чорапи и лакираните Pilgrim чевли со светкав накит на нив.
Единственото прашање е „зошто?“, а одговорот на Jacobs е доста едноставен:
– Ова е само чипкен фустан. Не сакав да носам костим и да бидам досаден.

