Јагодите пристигна! Без оглед на тоа дали ги јадете свежи или со колачи, со или без шеќер, сладолед, шлаг, тие освежуваат, лечат и возбудуваат.
Еве како:
Во светот има дури 400 врсти на ова овоштие, а во кулинарството јагодата има завидно место. Но, според доказите на истражувањата, оваа слатка црвена овошка е делотворна при лечење на гихт, авитаминоза, омалаксаност, слабокрвност, хемороиди, артериосклероза, висок крвен притисок, но и проблеми со либидото.
Јагодите им се препорачуваат на мажите и на жените , поради, изобилните витамини, влакна, фолна киселина и железо, за да го подобрат својот сексуален живот.
Треба да се јадат свежи, измиени , но без сецкање, за да не им се уништуваат витамините.
Идеални се за завршница на интимната вечера- како украс кој плови во чашата со шампањ или на десертот – во растопена чоколада, сладолед, шлаг или мед да го храните партнерот.
Поради неговата црвена боја и срцевиден облик, јагодите се симбол на Венера, Божица на љубовта.
Спред Легендите, доколку ја поделите јагодата на половина и ја изедете со личност од спротивниот пол, сигурно меѓусебно ќе се вљубите.
