Колку пати сте си го поставиле ова прашање? Дали конечно успеавте да извечете заклучок или да дефинирате некој став?
Одговрот на ова прашање го донесоа научниците и открија дека мажите и жените, модат да бидат само пријатели…помалку или повеќе…
Истражувачите од универзитетот во Висконсин, ги проучуваа односите помеѓу меѓусебните пријателства на 400 лица. Резултатите покажаа дека иако е можно да имате само пријател, постои голема можност тој на крајот да се вљуби во вас. Всушност веројатноста, вашиот пријател да се вљуби во вас , е многу поголема отколку вие во него.
Но, истражувањата покажаа дека мажите многупати можат и да си вообразат дека нивната пријателка е вљубена во нив, што не значи и дека е точно.
Значи, без разлика што мислите, иако го сметате вашиот однос само за пријателски, сепак, вашиот пријател може да има поинакво толкување.
Иако поретко, и жените можат да се вљубат во нивнит најдобар пријател. Но за разлика од мажите , кај нив тоа може да се случи само ако се сингл, односно ако не се во врска. Значи, иако се убави машко-женските пријателства, можат да бидат и многу проблематични, бидејки можат да се претворат во нешто покомплицирано.
