Сите ние го мразиме понеделникот, уште од рани години кога тргнуваме на училиште, па потоа на работа…
Направено е едно истражување со кое е дадена листа од неколку факти за понеделникот:
Повеќе од 50% од луѓето во светот доцнат на работа во понеделник.
Поголемиот број од луѓето во просек по 12 минути поминуваат жалејќи што е понеделник.
Најмрзоволни во понеделник се луѓето од 45 до 54 години.

Работниците се работоактивни само три и пол часа од вкупно осум, во понеделник.
Најмногу самоубиства има во понеделник.
Ризикот за срцев удар во понеделник е 20% поголем од останатите денови.
Понеделник е најдобар ден за купување нов автомобил, тогаш автомобилските самони прават најголем профит, најмногу поволности се нудат во понеделник и може најмногу да добиете.
