Billboard Music Awards 2012 кои се одржаа во Лас Вегас, не беа најголемиот гламур кој се случи оваа годна, но некои славни личности овој настан го сфатиле пресериозно, па одлучиле за овој настан да се облечат најспецијално.
Така на пимер, Carrie Underwood се одлучи за луксузен фустан од Oscar De La Renta.

Taylor Swift, исто така се одлучи за раскошен сифон фустан од брендот Elie Saab, со додатоци на чипка. Пеачката го надополнила стајлингот со драматична шминка.

Katy Perry која често експериментира со боите на косата (сега темновиолетова), на овој настан носеше фустан од брендот Blumarine.

Miley Cyrus изгледа секси и модерно во Jean Paul Gautier фустан во кој ги покажа своите долги и витки нозе и раскошно деколте. Меѓутоа , фризурата ја направи 10 години постара од нејзините години.

Alicia Keys na Billboard Music Awards 2012 , се појавила во едноставна но елегантна Azzedine Alaia Couture тоалета.

Amber Rose која присувствуваше на овој настан со вереникот Wiz Khalifom , се осигура сите очи да бидат вперени во неа и во нејзиното деколте во Versace .

Julianne Hough одлучи да привлече внимание со својата насмевка а не со телото. нејзината светкава сребрена тоалета од Kaufman Franco изгледа прекрасно.

Zooey Deschanel го задржа слаткиот и скромен изглед на Billboard Music Awards 2012 Таа за оваа церемонија одбра коктел Moschino тоалета без ракави и Miu Miu обувки.

