Пејачот Justin Bieber ќе мора да одговари на неколку прашања поврзани со прекршок над новинар.
Еден американски фотограф пријавил во полиција дека тинејџерската ѕвезда Bieber физички го нападнала. Инцидентот се случил кога пејачот излегувал од едно кино во Калифорнија заедно со својата девојка Selena Gomez. Кога фотографот сакал да ги слика, наводно пејачот го нападнал и удрил повеќе пати во лице, поради што фотографот морал да побара лекарска помош и да пријави в полиција.
Кога стигнале службените лица, Bieber и девојката веќе го имале напуштено местото.
– Бидејќи не почекале да ја чуеме нивната верзија на приказната, моментално го бараме Justin Bieber за да ни објасни што точно се случило, – изјавил поручникот од тамошната полиција.
Засега, пејачот нема дадено коментар за овој немил настан.
