Art & Crafts

Ослободете се дамките на Вашата облека за многу кратко време…

Ако Ви се случува често да се извалкате од напитоци или храна или имате деца кои се постојано во акција… Овие совети ќе Ви бидат во голема корист…

Ви претставуваме неколку совети како најлесно и најбрзо да се ослободите од дамките од:

1. Кафе и какао – Свежата дамка, прелијте ја со ладно млеко и веднаш исперете ја во вода со детергент. Старата дамка намокрете ја во вода и детергент за рачно перење или истријте ја со мешавина од вода и алкохол. Дамките од волна и памук, исперете ги со кисела вода.

2.Сос – Соблечете го извалканото парче облека, под дамката ставете чиста крпа и исперете го со ладна вода. Ова би требало „ делумно“ да ја отстрани дамката. Или, држете ја ткаенината под млаз вода. Налејте течен детергент и чистете со мека четка, но не грубо. Нека отстои пет минути, а потоа исперете ја. Прелијте ја флеката со алкохолен оцет, а потоа исперете ја со вода. Поновете ја постапката уште еднаш, ако дамката сеуште е видлива, па ставете ја облеката во машина за перење. Ако и после тоа дамката остане, натопете ја во течен детергент или детергент за миење садови и оставете  ја облеката во топла вода 30 минути.

3.Пиво – Намокрете ја облеката во млака вода и оставете ја 30 минути. Дамката исчистете ја со ладна вода и сапун. Добро насапунете ја и истријте ја.Ако останат траги, пробајте да ги отстраните со силен солен раствор во млака вода.

4.Вино – Развлечете ткаенина врз сад со вода и на висина од половина метар, налевајте вода врз дамката. Или, исперете ја со минерална вода: Важно е да не нанесувате сапун, бидејќи тоа би можело да ја влоши ситуацијата. Добро делува и млекото. Ставете млеко во сад, доволно за да ја потопи облеката. За брзо време, дамката ќе стане бледа. Потоа, веднаш исчистете ја  со сапун и облеката ставете ја во машина за перење алишта.

5.Боровница – Исчистете ја со ладна вода. Измешајте лажица алкохолен оцет и половина лажичка во течен детергент, во литар ладна вода. Флеката треба да отстои 15 минути, а потоа исперете ја со ладна вода. Ако и понатаму е видлива, со помош на сунѓер и алкохол, пробајте да ја отстраните, па добро исперете ја. Или, подгответе паста од еднакво количество вод и сода бикарбона и нежно тријте ја на дамката. Исперете ја повторно.

6.Кечап – Соблечете ја облеката и исчистете ја со ладна вода ( идеја: ставете хартиена крпа под дамката, а потоа попрскајте ја со млаз вода. Ова би требало да ја „ разнесе “ флеката. Нанесете течен детергент и внимателно чистете со мека четка. Нека отстои неколку минути, па добро исперете ја. Со сунѓерче, на дамката нанесете оцет и повторно исперете ја. Ако е потребно, повторно повторете ја постапката. Ако и ова не донесе резултати, нанесете течен детергент и натопете ја облеката во топла вода. Нека отстои 30 минути…

7.Трева– Дамките од трева на бела ткаенина, исчистете ги со белка од јајце. На обоена ткаенина, натапкајте памук, натопен во 90% алкохол. За волна, свила и синтетички материјали, користете оцет и топла вода.

8.Сладолед и чоколадо – Помешајте лажичка течен детергент ( може за миење садови ) со шолја вода и натопете ја дамката. Против млечни дамки добро делуваат таблетите со дигестивни ензими ( купете ги во продавниците за здрава храна ) , искршете 3-4 таблети и додајте исто количество вода. Добиената паста нежно натапкајте ја на дамката. Оставете ја да отстои барем еден час.

9. Мајонез – Изгребете го вишокот мајонез. Ако дамката е свежа, обичен детергент е сосема доволен. Ако се работи за постара или посилна дамка, направете паста од сода бикарбона и вода и нажно натапкајте ја на дамката. Оставете ја да отстои барем еден час. Исперете ја во топла вода, според упатството на етикетата на гардеробата.

10. Сенф – Внимателно отстранете го вишокот, ставете ја дамката под ладен млаз вода и нанесете средство за отстранување дамки или веднаш нанесете глицерин ( достапен е во аптеките ). Нека отстои неколку минути па исперете ја дамката. Исперете ја со топла вода и додајте избелувач ( но не на свила и волна или ако на етикетата пишува дека избелувањето е забрането ). Сите останати бели ткаенини, можат да се натопат во благ раствор од домашен избелувач и да отстојат околу 15 минути ( 20 милилитри избелувач на пет литри вода ). Дамката исперете ја со вода пред вообичаеното перење во машина за перење алишта.

11.Безалкохолни пијалаци – Облеката натопете ја во ладна вода и оставете ја да отстои околу 30 минути. Во претперењето користете средство за отстранување дамки, па облеката исперете ја со избелувач ( проверете ја етикетата ).

12.Јагоди – Исперете ја дамката со ладна вода. Помешајте лажицалкохолен оцет, половина лажичка течен детергент и литар топла вода. Нека се натапка 15 минути, потоа исперете ја. Ако дамката не се отстрани, пробајте со сунѓер и алкохол и повторно исперете ја.

13. Пот – Во вода додајте оцет, оставете малку да отстои па исперете.

14. Лосион за сончање – Отстранете го вишокот лосион па нанесете средство за отстранување дамки. Исперете ја облеката со топла вода.

15. Мастика за жвакање – Облеката ставете ја во ќеса, па во замрзнувач. Кога мастиката ќе замрзне, ќе можете да ја отстраните со прсти од ткаенината.

Write A Comment