Тој е успешен спортист, добар сопруг и одличен татко. Одлично изгледа и многу жени го посакуваат. Сепак, кога е во прашање семејството, David Beckham е сеуште мамин син.
Веднаш по пристигнувањето во Лондон, фудбалерот отишол по својата мајка и ја одвел на ручек во омилениот ресторан. По ручекот, на својот Фејсбук профил поставил слика со мајка си, која многу им се допаднала на неговите обожаватели.

Имено, 40.000 луѓе ја лајкнале сликата, а под неа имало над 2.000 коментари. Фудбалерот гордо позирал со мајка си, а подоцна и со баба му. Beckham не заборавил да ја посети и неа и нејзините пријателки кои сакале да се сликаат со него. David немал ништо против, па и таа фотка ја поставил на Фејсбук со коментар дека во Лондон секогаш се чувствува одлично.
