Една од најсексипилните актерки од 90-тите години, Sharon Stone е заводлива дури и на 54 години. Тоа го потврдува нејзината нова врска со 27-годишниот Аргентинец Martin Mica.
Sharon очиглдно нема намера да ја крие својата нова љубов. Двојката е снимена на плажата Венеција во Лос Анџелес, каде одлучиле да го искористат сончевиот ден и да се одморат. Како што може да се забележи од фотките на папараците, Sharon и Martin никако не се одделувале еден од друг и постојано се галеле и бакнувале.
Се запознале минатиот месец, кога наводно веднаш си се допаднале еден на друг и уште истата вечер завршиле во хотелската соба на актерката. Инаку, Martin е модел.






