Allen Iverson, поранешен кошаркар на NBA екипата „Филаделфија 76-ерси“, тврди дека неговата поранешна сопруга Tawanna го ограбила додека тој се наоѓал во Азија.
Најкорисниот играч во сезоната 2000/2001 ја пријавил поранешната сопруга во полиција поради провала и кражба. Iverson (36) изјавил дека Tawanna, додека тој правел договор во Азија, провалила во неговата куќа и му го земала скоро целиот мебел, уметничките дела, трофеите и голема сума на пари.
Инаку, кошаркарот е без тим уште од минатата година кога се разијде во интересите со турскиот клуб Бешикташ. Сега мачи мака со наоѓање на екипа која би сакала играч од негов калибар во своите редови.
