Само два месеци по раскинувањето на врската со „ангелот“ од јатото на „Victoria’s Secret“, пејачот на групата „Maroon 5“ – Adam Levine, си најде друг „ангел“.
Levine две години беше во врска со руската манекенка Anne Vyalitsyna со која раскина во месец април. Сега, папараците го сликале со новата девојка на Хаваи. Се работи за друг модел кој работи за истата модна куќа како и Русинката, односно Намибијката Behati Prinsloo.
Очигледно рокерот е навлечен на манекенки, а во случајов неговата поранешна и неговата сегашна девојка се пријателки.
Да бидат работите поинтересни, и двете девојки заедно се појавија на промотивниот спот на „Victoria’s Secret“ за големиот хит на групата „Marron 5“ – „Moves Like Jagger“.
