Art & Crafts

Најдобриот начин да го избегнете хаосот од летните чевли !!!

Повеќе нема потреба се сопнувате од нередот на Вашите балетанки или секој пат да ги вадите за да проверите дали Ви прилегаат на облеката. Постои едноставен начин да го надминете хаосот кој го создаваат летните чевли.

Направете сами закачалки со чија помош Вашите балетанки и апостолки секогаш ќе Ви бидат при рака, а истовремено нема да создаваат неред… и секако секогаш ќе знаете кај сте ги ставиле!!!

Се што Ви потребно е жичана закачалка, клешти, украсна хартија и лепило за хартија…

и спреј боја доколку не Ви се допаѓа сивата боја на закачалките.

Старата жичана закачалка која не ја користите со помош на клешти обработете ја како на сликите.

Не е неопходно но доколку сакате можете да ја промените бојата на закачалките.

Украсната хартија во дезен кој Вам Ви се допаѓа свиткај те ја на следниот начин.

И Вие добивте практични и интересни закачалки за Вашите летни чевли.

Write A Comment