Доколку сакате да ставите маска на лицето и да направите пилинг , добро да ја нахраните кожата на телото , ви препорачуваме да го отворите орманот за да се справите со вкусните, но делотворни креми и маски за вашата кожа.
Малку сол и маслинов зејтин
Мешавината од малку морска сол и неколку капки маслинов зејтин, се нанесува на фротирна ракавца и се масира телото со нежни и кружни движења, а потоа добро се измива со топла вода.
Со млеко до спасоносен ефект за чисто лице
Навечер исчистете го лицето со вата и малку обично млеко. Повторете ја постапката барем 2 пати, потоа измијте со млака вода. Доколку имате сува кожа, користете полномастно млеко, за нормално најдобро е полуобрано, а за мастно обрано млеко.
Јаболки и слатка павлака за свежо лице
Измијте го јаболкото и исечете го на парчиња. Сомелете го заедно со млекото (мала чаша) и 3 лажици слатка павлака. Нанесете ја на лице припремената смеса и оставете ја 10 мин. Тргнете ја со мокра марамица , а потоа исплакнете со млака вода.
Кисели јаболки за помеки раце
Огрубените раце ќе омекнат доколку ги истриете со киселко јаболко. Оставете јаболкото да делува неколку минути , а потоа исплакнете со млака вода.
За сува кожа , маска од белки
Доколку имате изразено сува кожа, употребете маска од белки на која сте и додале неколку капки врела вода. Кожата добива мек, сјаен и негуван изглед.
Мед за поздрав изглед
6 лаж. брашно, 2 лаж мед и шлаг од белки , добро измешајте ги , и ќе добиете пријатна крема која ја чисти кожата. Нанесете ја 15 мин да делува, а потоа измијте се со млака вода, а вашето лице ќе стане свежо и со подобрена циркулација.
