Музичарот Swizz Beats ја поставил оваа слика на својот Твитер профил. Се работи за фотка од одморот кој го поминува заедно со својата сопруга, пејачката Alicia Keys.
Под фотката пишувало: „Мојата Bond девојка!“
На сликата, секси Alicia излегува од морето со бујни облини и секако, нова фризура. По раѓањето на синот, Keys очигледно внимавала на својата линија, па сега може да се пофали со привлечно и стегнато тело. Додека симнувањето на вишокот килограми и доведувањето во форма воопшто не нѐ чуди, нејзината нова фризура е малку мистична.
Многумина, откако ја погледнале фоткава, се запрашале што се случило со густите локни на пејачката и зошто се одлучила целосно да си ја избричи главата.
Сепак, не можеме да кажеме дека и ваквата Alicia не е згодна и сексапилна.

