Прескокнете го напорното вежбање… Едноставно пронајдете ги најдобрите костими за капење – според обликот на Вашето тело !!!
Ако сте заоблени :
Немојте да се плашите да купите поголем број. Покривањето е клучно. Покажете го своето тело, но секогаш купувајте костим за капење кој е доволно растеглив така што нема да ја „ пресекува “ кожата
Длабок долен дел, повеќе ќе Ве издолжи, а одлично ќе ви прилега и горен дел со V израз.
Ако имате стомаче:
Обрнете внимание околу него. На пример, одберете едноделен костим за капење детаљи на долниот дел, истакнете ги долгите нозе. Ретро костимите за капење во Мерилин Монро стил, ќе ја истакнат Вашата тенка половина. Хоризонтални пруги на дводелен костим за капење, ќе направат сите Ваши делови од телото ( особено во средината ) да изгледаат потенки.
Ако сте поситни во горниот дел:
Шарите ќе додадат малку големина. Одберете горен дел чии корпи се малку раздвоени, а ги поврзува тенка линија.
Горен дел со сунѓер, набори, принт или пруги, ќе Ви додаде пруги, исто како и едноделниот костим за капење со корпи .
Ако сте крупни:
Костим за капење во вистинската големина е вистинскиот избор. Длабок V израз и длабок долен дел ќе ги истакне Вашите облини.
Добар избор е и црниот едноделен костим за капење кој се врзува со линија во боја, над градите Дводелнен костим за капење во боја, со неколку карнери, ќе направи да изгледате женствено. Горен дел кој се врзува околу вратот, ќе ја истакне Вашата горна половина.
Ако сте ситни:
Долниот дел треба да има низок струк и да се врзува на страна. Тоа ќе Ви додаде облини и ќе Ве издолжи. Едноделен костим со набори на градите и во средниот дел, ќе Ви даде секси силуета.Цик цак дезенот, ќе го издолжи Вашето торзо. Бикини со украси ќе ги истакнат Вашите облини.
