Elton John (65) изјавил дека со сопругот David Furnish не сакаат нивниот 2-годишен син Zackary, кој го добија со помош на сурогат мајка, да расте осамен.
– Мислам дека не е лесно да се биде дете на познати родители. Постојано ве зафркаваат на училиште и низ сето тоа треба да поминувате сам. Сакаме да му подариме брат или сестра на синчето, – изјавил пејачот.
Тој е свесен дека Zackary ќе има тешко детство, со оглед на тоа што нема мајка, туку двајца татковци.
– Ќе видиме што ќе ни донесе животот, но засега работиме на тоа Zackary да не биде единец, – објаснува Elton.
Elton и David се во брак од декември, 2005 година. Се венчаа уште првиот ден откако во Велика Британија се дозволија истополни бракови.
