За да имате убава кожа и беспрекорен тен, потребно е да вложите многу труд. Најчести еликсири за нега се приодните состојки како најдобар избор за оплеменување на кожата. Затоа ви препорачуваме сами да направите пилинг и маска кои вашата кожа ќе направат да биде нежна, мека и свиленкаста.
Пилинг од млеко, лимонов сок и бадем
Бадемот е богат со витамини А и Е, кои ја ублажуваат иритацијата, го смируваат црвенилото и воспалението. Лимонската киселина ја чисти кожата , ги ублажува лузните и акните. Млекото содржи млечна киселина и маснотија за хидратизирање на кожата. Пилингот од наведените состојки ќе ја направи вашата кожа мека и ќе ја подготви за маска.
Потребни состојки:
– шолјичка мелен бадем
– 2 лажички млеко
– лажичка лимонов сок
Состојките добро измешајте ги и нанесете ги на кожата. Пилингот нанесувајте го со кружни движења и измијте со млака вода.
Маска од бадемово масло и мед – Бадемовото масло поради своите состојки интензивно влијае на кожата. Го храни и негува секоj тип на кожа, а посебно се користи за нега на сува и уморна кожа. Маската ќе ја направите така што ќе измешате лажица бадемо масло и лажица млеко. Смесата загрејте ја на 30 C. За подобро да се соедини и да можете да ја нанесете. Нанесете ја на лицето ( и на вратот) оставете да делува 15 минути и измијте ја.
