Потребни состојки за кората:
– 250 гр мелени бисквити
– 70 гр путер
За филот:
– 500 гр несолено сирење
– 100 гр шеќер
– 3 лажици џем по избор
– 250 мл слатка павлака
– кесичка ванилин шеќер
– два лимона
Подготовка:
Во блендер ставете ги бисквитите, растопениот путер и убаво измиксирајте. Смесата ставете ја во калап и убаво израмнете.
Со миксер изматете го сирењето, шеќерот, мармаладот, сок од два лимона, рендана кора од лимон. Додајте ја слатката павлака и продолжете да матите додека состојките не се соединат убаво. На крајот ставете ги исецканите јагоди и убаво измешајте. Со овој фил премачкајте ја кората.
