Латино ѕвездата Jennifer Lopez и нејзиниот дечко Casper Smart присуствувале на приредбата организирана од училиштето во кое учат нејзините близнаци. Кога се појавиле меѓу обичните смртници, веднаш почнале да светкаат блицевите, а фотографите забележале нешто невообичаено на сликите што веднаш го потресе целиот Холивуд.

На „вереничкиот“ прст, J Lo носела огромен, скапоцен прстен и сега сите се прашуваат дали таа му рекла „ДА“ на својот помлад дечко.
Засега никој од двајцата се нема огласено по повод наводната веридба, но ако сите овие шпекулации се вистинити, нема сомнеж дека вестите ќе мора за брзо време да се потврдат.
Ако се вериле, што друго да им кажеме освен – честитики!

