За да остане кожата младолика, поголем број на жени користат скапи хидратантни креми кои ќе направат нивните брчки да бидат помалку видливи. Меѓутоа, постои поефтина варијанта на пеглање на брчките, а тоа е ИСХРАТНАТА богата со следниве витамини:
Боровница
Боровницата имаат 40 % повеќе антиоксиданси од другите овошки. Богати се со витамин Ц и помагаат во формирањето на колагенот, а со тоа и ги намалуваат знаците на стареење, ја подобрува циркулацијата , делува како природен диуретик, го појачува протокот на крв и помага во намалувањето на симптомите на теуматоиден артритис. Јадете ги боровниците за доручек или во милк шејк, јадете ги самостојно како суров оброк.
Риба и омега 3
Рибата е богата со омега 3 – масни киселини кои се многу здрави за организмот. Омега 3 масните коселини , исто така служат за отстранување на дамките на кожата и ги ублажуваат брчките. Добри се за убавиот изглед и за освежувањето на косата. Погрижете се да јадете риба 2 пати во неделата.
Домат
Доматот содржи силен биохемиски состав кој се нарекува ликопен. Смалува оштетувања на кожата и црвенила. За да се апсорбира подобро мора да биде во опкружување на поздрави масти. Затоа помешајте ектра маслиново масло со сос од домат за подобра апсорпција на ликопенот.
Сончогледово семе
Семките од сончоглед се одличнен извор на масти и растопливи витамини, витамин Е. Тој спречува оштетување на станиците предизвикани од слободните радикали. Посипете ги семките од сончоглед преку салатата. Семките од сончоглед спречуваат и очтетување на кожата од сонцето.
Грав
Гравот е најдобар извор на беланковини, има најмалку маснотии, а богат е со калиум, а сиромашен со натриум. Одлична намирница доколку ја комбинирате со житарици како ориз, јачмен, пченка, пченица ќе внесете врвен квалитет во вашиот организам, богат со протеини а со многу малку маснотии.
