Убавина

Јогурт – магична состојка за коса што блеска

Јогуртот има природни антигабични и антибактериски својства, а помага и во стимулирањето на кожата на темето и растот на косата. Со помош на јогуртот, може да се ослободите од чешање и првут, а со оглед на фактот дека содржи протеини, исто така ја зајакнува и хидратизира косата.

Пред да нанесете шампон, на косата нанесете јогурт и нежно масирајте ја косата со него. Ако имате подолга коса, важно е да нанесете јогурт рамномерно по целата должина. Оставете го јогуртот да отстои еден час, а ако можете да издржите, нема да Ви штети и ако го држите подолго. Измијте го со млака вода и после тоа нанесете шампон.

Ако сакате на косата да и овозможите протеински третман, измешајте малку јогурт и едно јајце. Белките и жолчките различно делуваат на косата. Белките ја зацврстуваат, а жолчките ја хидратизираат и ѝ даваат сјај. Нанесете ги исто како и јогуртот, но немојте да ги држите повеќе од еден час ( преголема изложеност на протеини може да ја оштети косата). Потоа, измијте ја косата со млака вода и нанесете шампон.

Write A Comment